×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градежен работник од Скопје загина, кумановец тешко повреден по одрон на земјиште

    28.11.2018 22:26 | KumanovoNews

    Еден градежник загинал, а друг бил тешко повреден откако биле затрупани од одрон на земја, денеска во скопската населба Припор. Според првичните информации, животот го загубил 57-годишен скопјанец, а тешко бил повреден градежник од Куманово на возраст од 52 години.

    Градежен работник од Скопје загина, кумановец тешко повреден по одрон на земјиште

    Несреќата се случила додека градежниците вршеле ископ за градење на потпорен ѕид на улицата Христо Татарчев. Во еден момент дошло до одрон на земјата која ги затрупала двајцата работници.

    Едниот починал на лице место, а другиот со возило на Брза помош бил однесен во Градска болница во Скопје. Лекарите констатирале полесни повреди на горните и долните екстремитети. По дадената лекарска помош, повредниот бил пуштен дома.

    Од Општината Кисела Вода велат дека фирмата била ангажирана за изградба на потпоред ѕид, а повеќе информации ќе соопштат откакао ќе го добијат извештајот од МВР и ЈО.  

    „Работниците биле ангажирани од фирмата изведувач „Баџак инженеринг“. Целта на ангажманот на фирмата изведувач е изведба на потпорен ѕид на улицата Христо Татарчев крак 14. Истата фирма изведувач потпиша договор со Општината по извршена јавна набавка. Во интерес на истрагата неможе да се соопштат повеќе информации, се чека извештај од Јавен обвинител и МВР, со кои Општината ќе соработува“, се вели во соопштението.