Мени

Градежен работник паднал од скеле и тешко се повредил

22.06.2019 13:28 | KumanovoNews

 Вчера во 09.05 часот било пријавено дека на Градската автобуска станица во Куманово, при изведување градежни работи -реконструкција на фасада од скеле, висина од околу два метри, паднал Т.А.(61) од Куманово.

Градежен работник паднал од скеле и тешко се повредил

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.