Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Идните градители задолжително треба да извадат градежна дозвола и за градење во селата, кои немаат Детален урбанистички план.
Постапките за издавање на одобренија за градба за села во моментов се стопирани бидејќи со последни законски измени сите плански документации се ставени вон сила, објаснуваат од сектор за урбанизам во Општина Куманово.
- Само на еден мал дел на територија на Општина Куманово надвор од градско подрачје се издаваат одобренија за градба. Сите граѓани кои живеат во селски средини се должни согласно закон да обезбедат одобрение за градба, па потоа да градат. Се што во моментот ќе биде во изградба ќе се смета за дивоградба - вели Лидија Ланг, раководител на сектор за урбанизам.
Во меѓувреме се изготвуваат Детални урбанистички планови за селата кои потоа ќе бидат усвоени.