Мени

Реконструкции на „Бајрам Шабани“ и „11 Октомври“, апел до граѓаните за трпение и внимателност

19.05.2026 15:34 | Сузана Николиќ

Поради реконструкција на улицата „Бајрам Шабани“ и водоводната мрежа на дел од улицата „11 Октомври“, Општина Куманово апелира до граѓаните да бидат трпеливи и внимателни додека траат градежните работи.

Реконструкции на „Бајрам Шабани“ и „11 Октомври“, апел до граѓаните за трпение и внимателност

На улицата „Бајрам Шабани“ ќе се врши реконструкција на коловозот и тротоарите, а на дел од улицата „11 Октомври“ ќе се реконструира водоводната мрежа, поради што се можни повремени застои во сообраќајот и отежнато движење на граѓаните.

„Општина Куманово ги известува граѓаните кои живеат на улицата „Бајрам Шабани“ дека на потегот од булеварот „Трета МУБ“ до улицата „Пчински пат“ од 18 мај се започнати градежни активности за реализација на проект за реконструкција на коловозната конструкција и тротоарите. Се замолуваат граѓаните за разбирање и трпение за време на изведувањето на работите и одвивањето на сообраќајот“, информираат од Општината.

Оттаму додаваат дека од вчера започнала и реализацијата на проектот за реконструкција на водоводната мрежа на дел од улицата „11 Октомври“, на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „4 Јули“.