×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката ќе работи на проект за градење на мир

    08.04.2015 12:54 | KumanovoNews

    Градинката „Ангел Шајче“ и  Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во наредните две години ќе реализираат проект за разрешување на конфликти и градење на мир.

    Градинката ќе работи на проект за градење на мир

    Децата од најрана возраст ќе учат да ги почитуваат различностите, како се гради доверба, мир и како без насилство да се разрешуваат конфликти.

    Децата тука се формираат и најмногу впиваат. Затоа овој проект е регионален и опфаќа неколку  земји, Македонија, Србија, Албанија, Косово, Хрватска и од оваа година ја вклучуваме и Црна Гора. Како што гледате станува збор за постконфликтни региони каде што тензијата и градењето на мирот е потешко. Заради тоа решивме да почнеме од градинките и токму затоа многу ми значи, поддршката од воспитувачите, родителите, сите останати кои ги опкружуваат децата, баби, дедовци, затоа што само така вистински ќе делуваме“ - изјави Даниела Трајковска, ментор на проектот.

    Воспитувачите велат дека децата емотивно ги доживуваат конфликтите  и истите во градинката ги надминуваат со разговор.

    Пред месец дена имавме работилница, имаше конфликтни ситуации, децата без возбудени. Додека сега се се одвива нормално. Децата успејаа да ги надминат тие конфликти. Јас сум задоволна и ќе продолжам да работам до завршување на проектот“ - кажа Јасмина Станојковска, всопитувач во „Развигорче“.

    На денешната работилница децата подготвуваа велигденски јајца и говореа за Светскиот ден на Ромите. Овој прект се спроведува во 11 градинки во Македонија. Претходно две години имаше пилот проект во градинките во земјава.