Граѓаните ќе се едуцираат за комунален ред
23.02.2015 09:56
| KumanovoNews
Локалната самоуправа од утре ќе организира едукации за граѓаните во месните заедници за примена на одлуката за комуналниот ред, кој неодамна беше изгласан од Советот на општина Куманово.
Вработените од општината ќе ги запознаат граѓаните со новините кои ги предвидува комуналниот ред. Ќе бидат опфатени жителите од 19 месни заедници, урбаните и руралните. Комуналниот ред предвидува мерки за поголема хигиена во градот, отстранување на хаварисани возила, забрана за чување на живина и добиток во урбани средини и друго. По едукацијата доколку граѓаните не го почитуваат комуналниот ред ќесе соочат со парични казни.