Граѓаните и за викенд можат да ги проверат годишните даночни пријави
01.06.2019 10:14
| KumanovoNews
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат претпополнетата годишна даночна пријава и во текот на викендот.

Од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, според последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, - соопштуваат од УЈП.