Мени

Ристовски: Градоначалникот да објасни зошто се укина бесплатниот превоз

02.07.2026 13:00 | KumanovoNews

Од општинската организација на СДСМ Куманово побараа од градоначалникот Максим Димитриевски јавно да им објасни на граѓаните зошто е укината мерката за бесплатен јавен превоз, која се спроведуваше речиси четири години.

Ристовски: Градоначалникот да објасни зошто се укина бесплатниот превоз

На денешната прес-конференција, претседателот на ОО на СДСМ Куманово, Дарко Ристoвски, оцени дека јавноста заслужува јасен и искрен одговор за причините за укинувањето на мерката.

„Речиси четири години оваа мерка беше претставувана како голем успех на локалната власт и како личен успех на градоначалникот Димитриевски. Денес, кога бесплатниот превоз се укинува, владее молк. Зошто се укинува бесплатниот превоз? Дали причината е недостаток на средства, или, пак, оваа одлука е производ на недоразбирањата во коалицијата ЗНАМ - ДПМНE?, праша Ристoвски.

Според Ристoвски, градоначалникот не треба да се повикува на одлуките на Советот, бидејќи, како што рече, тој ја води општината и ја носи политичката одговорност.

„Кога мерката се промовираше, заслугите градоначалникот јавно ги преземаше. Денес, кога истата се укинува, јавноста очекува исто така јасна одговорност и конкретен одговор“, истакна Ристевски.

Од опозициската партија порачаа дека кумановци заслужуваат транспарентност, отчетност и чесен однос од локалната власт.