Мени

Градоначалникот на одмор, ќе шета низ неколку соседни држави

25.07.2019 12:49 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски,  од вчера е на одмор, а ќе го искористи за прошетка низ неколку држави од поранешна Југославија.

Градоначалникот на одмор, ќе шета низ неколку соседни држави

„Ми доаѓаат роднини од Америка и планираме заедно да прошетаме во неколку држави од поранешна Југославија, како што се Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово. На оваа тура ќе бидам осум дена“, -изјавил Димитриевски за А1он, а ни потрврдија и од неговиот кабинет.