Грантови за иновативна бизнис идеја
13.03.2015 12:55
| KumanovoNews
Компаниите можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој, за добивање на грантови до 30.000 евра за нов производ или иновација.
Од вредноста на проектот 85 отсто кофинансира државата, а останатите 15 отсто треба да ги покрие апликантот. Конкурсот е отворен за микро, мали и средни претпријатија не постари од 6 години.
За иновацискиот развој на компаниите, годинава државата ќе одвои 2.2 милиони евра.