Мени

Хуманитарна журка за семејството Стојковски

18.02.2014 10:57 | KumanovoNews

 Во кафе - барот “Галерија“ во четврток во 21 часот ќе се оддржи хуманитарна забава за помош на семејството на Игор Стојковски.

Хуманитарна журка за семејството Стојковски

Влезниците ќе чинат 50 денари, а гостите ќе ги забавуваат “Фамосо бенд“ и диџеј Филџи.

Нашите волонтери денеска, утре и во четврток ќе продаваат влезници за забавата на Градскиот плоштад, а воедно и тие ќе присуствуваат на настанот. Ќе има и касичка оставено за кој колку сака и може да донира. Средствата целосно ќе бидат наменети за семејството Стојковски. Оваа забава ја правиме во циклусот за промоција на хумани вредности - рече Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.

Собраните средства ќе бидат за помош на социјално загрозеното семејство на Игор Стојковски од населбата Иго Тричковиќ со пет деца.