×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И Српската партија во Старо Нагоричане има кандидат за градоначалник

    25.08.2017 08:54 | KumanovoNews

    Српската партија во Старо Нагоричане, која е во коалиција со СДСМ, објави свој кандидат за градоначалник за престојните локални избори во општината Старо Нагоричане.

    И Српската партија во Старо Нагоричане има кандидат за градоначалник

    Кандидат е Горан Спасиќ, a одлуката објавена на фејсбук профилот на партијата ја сподели и претседателот на огранокот и заменик министер за земјоделство Власте Димковиќ.

    „Српската партија во Македонија, општински одбор Старо Нагоричане на последната седница за кандидат за градоначалник на општината Старо Нагоричане на престојните локални избори со мнозинство гласови го избра Горан Спасиќ„, - стои во ФБ објавата СПМ.  

    Оваа одлука уследи само еден ден откако на централниот одбор на СДСМ во Скопје, Жаклина Јовановска беше промовирана за кандидат на градоначалник на Старо Нагоричане.

    Србите биле незадоволни, бидејќи тие го сакале градоначалничкото место во Старо Нагоричане.  Неофицијални извори од СДСМ велат дека Српската партија како нова партија со скромно членство и капцитет добила премногу позиции и раководни места во извршната власт, поради што било логично местото прв човек на општината по толку години да и припадне на СДСМ.

    Се обидовме да добиеме мислење од претседателот на Српската партија и пратеник Мирослав Јовановиќ и претседателот на огранокот и заменик министер за земјоделство Власта Димковиќ, но и двајцата не одговорија на нашите телефонски повици.

    Двајца кандидати од иста коалиција да се борат за градоначалничко место во иста општина оди во прилог само на политичките опоненти, во случајот на ВМРО-ДПМНЕ и ДПСМ, кои последните 2 мандати ја водат општината.

      Дали кавгата за градоначалничко место во Старо Нагоричане ќе го наруши коалициониот договор помеѓу партиите или ќе се надмине недоразбирањето останува да видиме.