×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „И учен и стручен“ мото на техничкото училиште „Наце Буѓони“

    24.05.2017 10:36 | KumanovoNews

    Само квалитетна практичната настава, може да обезбеди стручен кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот, затоа е неопходна поголема подршка и соработка помеѓу бизнис секторот и училиштата во градот,- вели Лидија Михајловска директорка на техничкото училиште

    „И учен и стручен“ мото на техничкото училиште „Наце Буѓони“

    Неколку високо образовни установи од Скопје, Штип и Куманово, како и домаќинот техничкото училиште „Наце Буѓони“ вчера пред матурантите и полуматурантите од Куманово ги претставија своите програми за упис во новата академска и учебна година. Mанифестацијата „Техничкиот саем“, се организира шеста година по ред, а има за цела да им помогне на идните средношколци при изборот на професијата и да ги покаже достигнувањата на учениците од областа на роботиката, биологијата и машинството.

    „Задоволни сме од одзивот, бидејќи тука се претставници од сите основни училишта од општините Куманово и Старо Нагоричане. Дојдоа најдобрите ученици од областа на природните науки и техничкото образование, како и од спортот. Што значи дека оваа манифестација добива и во своето значење и на масовноста. Се поголем и поголем број на училишта се заинтересирани она што го направиле во текот на оваа учебна година да го презентираат овде, за да го видат сите присутни, - изјави Лидија Михајловска, директор на техничкото училиште „Наце Буѓони“, организатор на саемот.

    Манифестацијата доби подршка од Секторот за образование на Општина Куманово и неколку приватни претпријатија.

    По разгледување на штандовите, претставниците на училиштата и бизнис заедницата одржаа трибина на која се расправаше како да се развива образованието и соработката помеѓу бизнис секторот и училиштата.  

    „Нам ни е потребна поддршка од бизнис секторот со цел да направиме добра и успешна соработка и нашите ученици да бидат стручни и компетентни кога ќе излезат од образованието. Во последно време се спроведува една реформа во Македонија која се нарекува „И учен и стручен“, самото тоа многу кажува за вештините и знаењата што треба да ги поседуваат нашите ученици кога ќе се вклопат во пазарот на трудот. Тоа не можат да го направат ако практичната настава не е квалитетна, а може да ја обезбеди само претпријатие што има современи машини и кадар, кој ќе биде ментор на учениците, - додаде Михајловска.

    Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а најдобрите беа наградени.

    На „Техно саемот“, пред матурантите беа претставени програмите за студии на Електротехничкиот факултет, Машинскиот факултет и ФИНКИ од Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Еуроколеџ од Куманово.

    Саемот, се организираше вчера во пресрет на Денот на сесловенските просветители, браќата „Кирил и Методиј“.