Инцидент во средното училиште „Перо Наков“
20.08.2019 09:06
| KumanovoNews
М.Б.(56) од Куманово пријавил во полицијата дека бил физички нападнат од Ф.А. во канцеларија во средното училиште „Перо Наков“.

Како што соопштуваат од МВР, инцидентот се случил во петокот околу 11,30 часот по завршување на состанокот.
Се работи на расчистување на случајот.