×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” проект на Вип и во кумановско училиште

    21.11.2018 13:54 | KumanovoNews

    Едукативната програма за деца - “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” на телекомуникациската компанија Вип продолжува и во учебната 2018/2019 година.

    “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” проект на Вип и во кумановско училиште

    Вториот циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 20 основни училишта од различни градови на Република Македонија, започна денес во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово за учениците од 4-то одделение.

    Целта на проектот е да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

    Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

    „Од особена важност е образовниот процес континуирано да се надградува и надополнува со  содржини и програми кои соодветствуваат со динамиката и потребите на современото живеење, без разлика дали станува збор за формално или неформално учење. Децата по природа се љубопитни и ги користат сите расположливи начини како да дојдат до саканите информации, а сите ние, и како институции, и како родители и како претставници на корпоративниот сектор, имаме обврска да им ги обезбедиме потребните ресурси кои придонесуваат за нивниот понатамошен развој, изјави Арбер Адеми, Министер за образование и наука на РМ.

    На настанот свое обраќање имаа и градоначалникот на Oпштина Куманово Максим Димитриевски и директорот  Александар Јовановиќ, кои ја поздравија програмата и истакнаа дека соработките од ваков вид значително придонесуваат кон јакнење на капацитетите на граѓаните и децата во заедницата, но и подготовка за реалниот свет на најмладите.

     За жал Интернетот не е безопасна работа, тоа го препознаваат надлежните и даваат поддршка за реализација на ваквите проекти. Верувам дека на ваков превентивен начин ќе дадеме допринос на самиот проект, децата да бидат превенствено едуцирани, а воедно ќе се едуцираат и родителите, навремено да се превенира во случај на злоупотреби,  - изјави Димитриевски.

     Децата од најмала возраст користат смарт или паменти телефони, а со влегување на Интеренет се изложени на различни опасности. Само на едно кликнување на линковите влегуваат во море на многу податоци, меѓутоа и многу опасности. Затоа денеска на еден креативен начин учениците ќе бидат запознаени како правилно да пристапат на Интернет и правилно да го користат, за да не бидат злоупотребени-изјави Јовановиќ.

    Во рамките на едукативната програма, до крајот на учебната година ќе бидат опфатени учениците од  четврто одделение во 12 општини: Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Неготино и Гевгелија.

    Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Во рамките на проектот, минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.