Исчезнатата жена од Нагоричане се јавила од Србија
03.02.2015 12:52
| KumanovoNews
Ј.Ц.(34) од селото Старо Нагоричане, која викендов беше пријавена за исчезната, се јавила на својот маж дека е во Србија.

Таа побегнала од дома минатата недела без трага, но откако разбрала дека ја бара полицијата за исчезната, се јавила дома и кажала дека е жива и здрава.
Полицијата сеуште трага по Д.М.(32) од Куманово, кој исчезна во јануари.
За жал, вчера беше пронајдено мртво во водите на реката Кумановка, момчето кое исчезна пред два дена.