“Исплетена детска среќа“ нова книга на Божана Трајковска
17.02.2015 09:31
| KumanovoNews
“Исплетена детска среќа“ е новата книга на Божана Трајковска, која во наредните месеци ќе биде испечатена со поддршка од Министерството за култура.

“Книгата ја препорачувам за деца од предшколска и школска возраст. Јас цел работен век го поминав со деца и напишав книга за деца, бидејќи имаше и апел од Мнистерството за култура да се пишуваат повеќе книги за деца“ - вели Трајковска.
Книгата “Исплетена детска среќа“ е поетска збирка за деца која содржи 82 песни.