×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Истекува рокот за регистрација и паушално оданочување на земјоделците

    20.01.2015 13:23 | KumanovoNews

    Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои се занимаваат со земјоделство, како основна или дополнителна дејност,  и лани оствариле приход до 1.300.000 денари, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок.

    Истекува рокот за регистрација и паушално оданочување на земјоделците

    Доколку досега граѓаните не се регистрирале во УЈП како даночни обврзници, кои остваруваат приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесат пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, -вели Сузана Стошевска Николовска, координатор во УЈП Куманово и портпарол на Регионална дирекција Штип.

    Ако граѓаните веќе се регистрирани во УЈП како обврзници и остваруваат приходи од земјоделска дејност, тогаш е потребно да поднесат само Барање за паушално оданочување. Пријавата и барањето можат се најдат на шалтерите на УЈП Даночно одделение Куманово или на веб страната на УЈП.