Истепале возач затоа што возел бавно
31.12.2014 14:59
| KumanovoNews
Двајца кумановци истепале возач затоа што бавно се движел со автомобилот по улица.

Нападот се случил минатата недела околу 15 часот, кога Љ.Р.(31) и Г.К.(28) од Куманово со камион се движеле по улица “Доне Божинов“ и стигнале до колата со бавниот возач. Тоа им засметало на камионџиите и прво почнале да се караат со него, а потоа го нападнале удрирајќи го со тупаници по главата и телото. На претепаниот возач му е укажана медицинска помош во Општа болница Куманово.
Љ.Р. и Г.К. ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.