Иванов напладне ќе го даде мандатот на Заев
17.05.2017 09:25
| KumanovoNews
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, соопшти Кабинетот на Иванов.

Уставниот рок за Иванов да го даде мандатот на парламентарното мнозинство истекува в петок, откако претседателот на Собранието Талат Џафери на 9 мај официјално го извести претседателот дека е формирано ново мнозинство во парламентот.