Избодено момче пред кафе бар во Куманово
21.04.2019 15:46
| KumanovoNews
Кумановец бил избоден со остар предмет дваесет минути по полноќ.

Како што соопштува СВР Куманово, најпрво настанала расправија во кафе бар помеѓу 21-годишниот К.П. и А.Н, која продолжила пред друг кафе бар, по што А.Н. со остар предмет му нанел повреда на К.П.
Повредениот бил пренесен во кумановската болница каде му била укажана помош.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот.