Избрани новите членови на Извршниот и Надзорен одбор на СДСМ Куманово
Општинската организација на СДСМ Куманово, вечерва на Изборна конференција го избира ново партиско раководство.

Нови членови на Извршниот одбор се: Оливер Илиевски, Христина Трајковска, Марина Алексовска, Александар Тушевски, Добрин Петрушевски, Даниел Стојчевски, Ненад Цветковиќ, Назмија Ќазимовска, Момир Петрушевски, Александар Јовановски, Сања Јовановска, Александра Николиќ, Милован Петковски, Дејан Ивановски, Артан Љатифи, Даниела Вучковска, Весна Трајковска и Дејан Стојановски.
Членови на Надзорниот одбор се: Александар Саздевски, Хана Џељадини, Шаип Рамадани, Ана Трајковска и Бојан Петковски.
Членовите на партиските тела се предлог на новиот претседател Мартин Костовски, кој пред делагатите ја презентираше програмата која ќе ја спроведе во наредните 4 години, а се осврна на досегашното работење. Притоа потенцираше дека резултатите од позитивното работење на општинската организација се гледа во тоа што 28 години се на власт на локално ниво, а чувството на политичка припадност и лојалност најсилно се изразени во изборните кампањи, манифестирани преку партиско единство и штабска мобилност, која во сите изборни кампањи резултирала со победи.
„Тимот кој е околу мене, искуството на повозрасните членови и ентузијазмот и полетноста на помладите сопартијци ми даваат сила да продолжам уште поодлучно, поконкретно и похрабро, при донесување на некои одлуки. Секогаш може повеќе, СДСМ Куманово секогаш бара повеќе, а нормално и имперавив во мојата работа е задржување на победничкиот имиџ на СДСМ во иднина. Тимот кој го предлагам е состав на луѓе, кој ја рефлектира состојбата во партијата, од исполнети статутарни проценти за жени и млади под 32 години, потоа етничка припадност и територијалната застапеност. Овој состав за извршен одбор е подадена рака за единство, овие луѓе заедно со мене ќе работат на единство, затоа што силата е само во единството, - рече меѓу другото Костовски.
Тој потсети дека изборните резултати од првиот круг на претседателските избори билe сериозен индикатор дека граѓаните ги согледуваат партиските слабости и дека не се задоволни од работата на поедини функционери, поради што морало да се направи пресек на двегодишното владеење, и да се сменат сите што не се снашле на позициие на кои се именувани.
На Конференцијата, покрај делегираните претставници од општинската организација, присуствуваа министри, пратеници, градоначалникот, кумановските претставници во Централниот одбор на партијата, како и претседатели, координатори и претставници од месните одбори и други општински партиски функции.
На присутните им се обрати и министерот Оливер Спасовски.
По изборот на партиските тела на првата седница на Извршниот одбор ќе се избере секретар, а новина во функционирањето ќе биде назначување на потпретседател и организационен секретар на општинската организација.