Изгоре автомобил пред мотел во Проевце
08.05.2017 08:10
| KumanovoNews
Изгоре автомобил на албански државјанин пред угостителски објект во Куманово.
Вчера во 5.10 часот, на паркинг-просторот пред мотел во населбата Проевце, се запалил „Фолксваген Голф“ со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од Р.Х. (26) од Тирана, Република Албанија.
Пожарот настанал неколку минути откако возачот го паркирал возилотот, кое целосно изгорело. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.