Изгоре куќа во центарот на Куманово
11.04.2019 20:04
| KumanovoNews
Во голем пожар вечерва изгоре куќа во центарот на градот. Куќата се наоѓа на улицата „Гоце Делчев“ зад зградата во која е сместена Службата за матични работи.

Според противпожарната единица, пожарот кај нив бил пријавен во 20.30 часот. На терен излегле три екипи, кои успејале да го локализираат пожарот.
Причината за пожарот не е позната, како ни матерјалната штета.