Изгоре плевна во Проевце
09.07.2019 08:03
| KumanovoNews
Во голем пожар вчeра изгорела пчевна во селото Проевце. Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал во 04,15 а изгаснат е во 09,50 часот.

„Интервенирано е со 3 ПП возила и 6 пожарникари. Во пожарот целосно е уништен објектот со површина од околу 100 м/2. Причината како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува, - се наведува во соопштението.