Изгоре приземје на семејна куќа во Куманово
        15.02.2025 12:03
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во голем пожар изгоре приземје од куќа на улицата „Ѓуро Пуцар“ во Куманово.
 
                  Пожарот бил пријавен во 20.55 часот, по што на терен излегле две противпожарни возила и петмина пожарникари. Пожарот е изгаснат во 23:15 часот.
Предизвикана е голема матерјална штета. Причината за избувнувањето на пожарот допрва ќе се утврдува.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





