Изгоре автомобил во Бабин Дол
12.04.2024 13:25
| Теодора Стоевска
Вчера во пожар изгоре автомобил во кумановската населба Јане Сандански.

„Во 03.07 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата „Јане Сандански“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „шкода фабиа“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Љ.А.(69) од Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема“, соопштуваат од полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот.