Мени

Изгореа 10 хектари ниска шума кај Глажња

20.04.2026 11:43 | KumanovoNews

Во голем пожар вчера изгореа над 10 хектари ниска шума во атарот на селото Глажња, во општина Липково.

Изгореа 10 хектари ниска шума кај Глажња

Од Шумското стопанство Куманово пријавиле дека пожарот избувнал вчера во 14:50 часот, при што горела ниска дабова шума, габер и јасен на површина од околу 10 хектари.

„Пожарот се разгорел во правец кон с. Думановце и е изгаснат од страна на ТППЕ Куманово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, како и двајца вработени во ШС Куманово. Пожарот кој се шири во правец на с. Брест сè уште не е изгаснат, бидејќи теренот е непристапен за противпожарни возила“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Од Полициската станица Матејче информираат дека пожарот се движи во три правци. Едниот крак е кон с. Думановце, каде постои опасност од опожарување на две фарми со крави, другиот кон с. Гошинце, а третиот во правец на с. Брест.