Мени

Изгореа пет стари куќи и седум хектари сува трева во Косматац

14.08.2026 17:02 | KumanovoNews

Во голем пожар, кој вчера попладне го зафати кумановското село Косматац, изгорела сува трева на површина од околу седум хектари и пет стари куќи во кои никој не живее.

 

Изгореа пет стари куќи и седум хектари сува трева во Косматац

Пожарот бил пријавен во Кумановската полиција околу 16 часот, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово од 16:25 до 20:40 часот.

Пожарот бил локализиран и изгаснат, а во него нема повредени лица.