Излезе од печат “Светлината од Назарет“ на Јовица Ивановски
Јовица Ивановски од Куманово неодамна го објави романот “Светлината од Назарет“, кој се очекува пред кумановската јавност да биде промовиран од септември.

Авторот вели дека се работи за духовен роман кој го напишал за три месеци.
“Илустрира едни психолошки промени, борбата помеѓу доброто и лошто во сферата на глобалната свест на човекот. Има многу метафори, духовни размисли, одбележана со секојдневието кое го живееме во денешниот свет. Напишана е книгата за кратко време од три месеци, беше инспиративно“ - вели авторот.
На Ивановски ова му е четврта книга и воедно прв роман. Претходно Ивановски има објавено две збирки поезија и збирка раскази.