Изложба „ИНИТ” на Ивона Тричковска
20.11.2018 09:56
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба “ИНИТ” на ликовниот уметник Ивона Тричковска.

Ликовниот проект „ИНИТ“ опфаќа 20 – тина дела работени во големи монументални формати, организирани во вид на полиптих и содржински е продолжеток на нејзините два претходни ликовни циклуси претставени во Тетово и Виена.
Авторката, покрај ликовниот ангажман работи како конзерватор во НУ НКЦ во Скопје, и ова е нејзино прво гостување во Куманово.
Изложбата за публиката е отворена до 2 декември 2018 година.