Изложба “Круг и квадрат“ на Петра Јовановска и Валентина Илијевска во Велес
28.08.2017 07:11
| KumanovoNews
Во Ликовен салон - Велес утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.
Преку 30-те дела коишто ќе бидат презентирани на изложбата, работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт, двете авторки ќе се обидат да ги претстават своите концепти и истражувања во рамките на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции.
Изложбата се реализира во соработка со Музејот на град Велес и Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, којшто е организатор и координатор на проектот.

