Изложба Кумановски графичари 2011
16.11.2011 11:08
| KumanovoNews
Вечерва во 20 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “ Трајко Прокопиев “ - Куманово ќе биде отворена биеналната изложба на графики - “Кумановски графичари 2011“.

На оваа изложба учество ќе зедат графичарите: Зоран Јакимовски,Мухамедали Алили,Тања Соларска-Темелковски, Магда Величковска,Стефан Јакимовски, Милена Тоневска,Валентина Илијевска и Симона Јакимовска.
Изложбата има повеќегодишна традиција да ја претставува работата на графичарите пред пошироката кумановска и македонска јавност. Изложбата за првпат е отворен 2003 година.