Изложба на инсталации на академските сликари Петрушевиќ и Толевска
17.05.2017 08:18
| KumanovoNews
Во изложбениот салон на Уметничка галерија - Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена ликовна изложба “Транспарентност“, на академските сликари Владан Петрушевиќ од Куманово и Надица Толевска од Битола.

На изложбата ќе бидат поставени неколку инсталации, преку кои авторите ќе ги претстават своите концепти и истражувања во рамките на една современа визуелна култура, во која гледачот ќе биде и физички вклучен.
Изложбата ја организира ЗПРУ КИБЕР ПАНК - Куманово во соработка со НУ Музеј од Куманово.
Изложбата ќе биде отворена до 25 мај.