Изложба на мозаици од Лиле Корубин
02.04.2015 07:37
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на мозаици од Лиле Корубин.

На изложбата ќе бидат претставени 20 мозаици, направени од природен камен, мермер, златен мозаик, венецијански смалти и со кристали „Сваровски“. Авторката Лиле Корубин е познат моден креатор, која последните 10 години е посветена на каменот и сликата што ја создава од него. Ова ќе биде нејзина 4-та самостојна изложба по две во Скопје и една одржана во Торонто, Канада.