Изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на портрети “Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов.
Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек сликарство со конзервација и реставрација, во класата на професорот Душан Перчинков, дипломирa 2002 година. Член е на ДЛУМ и на здружението на уметници „УМ“ од Виница. До сега има реализирано девет самостојни и има
учествувано на триесетина групни изложби и колонии.
Живее и работи во Bиница како ликовен педагог во СОУ „Ванчо Прке“.
Одржал повеќе самостојни и групни изложби во: Виница, Скопје, Куманово, Битола, Волен, Швајцарија, Кавадарци, Кочани, Штип и др.
Изложбата ќе биде поставена до 09. април 2026.