×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на предмети изработени од учениците во „Наце Буѓони“

    03.05.2017 14:00 | KumanovoNews

    Учениците од Техничкото училиште „Наце Буѓони“ денеска ги изложија предметите што ги изработиле на практична настава, како дел од проектот „Градиме мостови“, подржан од ОБСЕ и Министерството за образование и наука.

    Изложба на предмети изработени од учениците во „Наце Буѓони“

    Во проектот се вклучени ученици од трета година со настава на македонските и албански јазик од насоката техничар за компјутерско управување.

    „Целта на проектот е зајакнување на меѓуетничките односи. Како резултат на овој проект добивме донација од ОБСЕ и Министерството за образование и наука, со тоа што успеавме да добиеме дидактички ЦНЦ машини една глодалка со четири оски на кои нашите ученици ќе имаат можност поуспешно да ја следат наставата и да можат практично да го увидат она што го работиме на часовите по теорија. Во рамките на проектот ние имавме за цел заедничко одржување на часови секоја втора недела во месецот така што учениците имаа можност практично да работат на машините и овде веќе се изложени предметите кои нашите ученици ги имаат изработено со овој проект„- посочи професорката Жаклина Тошиќ.

    Професорите се заблагодарија на директорката и колегите за несебичната поддршка која што им ја дале, за да успешно по трет пат да се реализира овој проект.