Изложба на Симона Јакимовска во Струмица
21.11.2013 09:15
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Антон Панов“ во Струмица утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики “Бесконечност“ на Симона Јакимовска.
Изложбата содржи 20 графики и слики работени во последниве две години.
Авторката е родена во Куманово во 1990 година. Средно уметничко училиште завршила во 2008 година, а во 2012 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје , оддел графика со насока графички дизајн и е при крај со магистерските студии на Универзитетот ФОН. Јакимовска досега реализирала една самостојна изложба на графики во Уметничка галерија - Куманово и учествувала на повеќе групни изложби од кои една меѓународна.

