×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики „Female fish“ од Мирослав Величковски

    21.11.2018 08:02 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики “Female fish“ на авторот Мирослав Величковски.

    Изложба на слики „Female fish“ од Мирослав Величковски

     Изложбата содржи 17 дела од неговата најнова продукција.

     Во своето прво интегрално претставување пред ликовната публика и критика, академскиот уметник Мирослав Величковски, којшто се занимава со скулптура, сликарство и дизајн, реши своите креативни ликовни вештини да ги претстави преку циклус на слики насловени “Female fish”. Како тема на ликовни истражувања и контексти, оваа продукција е поврзана со жената којa отсекогаш претставувала предизвик за визуелните уметници коишто, фасцинирани од нејзините пропорции и конструкција, нуделе разни пристапи и видувања, - напиша во својата критика историчерот на уметноста Роберт Цветковски.                                       

    Величковски е роден на 11 мај 1983,во Скопје, завршил училиште за применета уметност и Факултет за ликовна уметност во Скопје. Дипломирал на оддел – вајарство, отсек – керамика, во класата на проф. Жарко Башески. Живее и работи како слободен графички дизајнер во Куманово. Учествувач на повеќе групни изложби во земјава и странство.