Изложба на слики „Магични кругови“ од Јовица Ивановски - Моче во Куманово
22.04.2026 10:54
| KumanovoNews
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на слики со наслов „Магични кругови“.
Станува збор за 22 дела, изработени во техника акрил и масло на платно, од неговата најнова продукција создадена во последните неколку години. Изложбата претставува продолжение на неговиот повеќегодишно развиван уметнички концепт.
Јовица Ивановски е роден во 1962 година во Куманово. Тој е ликовен уметник кој реализирал повеќе самостојни изложби во Куманово и Кратово, како и бројни групни изложби од локален и меѓународен карактер. Учествувал и на повеќе меѓународни ликовни колонии.
Изложбата ќе биде поставена до 5 мај 2026 година.