Изложба на слики на Стеван Цигаридов во Куманово
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики по повод 45-годишниот јубилеј на ликовниот автор Стеван Цигаридов.

Изложбата содржи дваесеттина дела од повеќегодишната ликовна продукција на овој сликар но ќе доминираат поновите дела изработени во последните неколку години.
„ Цигаридов на некој начин во својата симболично апстрактна фигурација ги бара и ги наоѓа своите ликовни патувања и задоволувања на своите сликарски амбиции. Сликите за оваа 45 -та јубилејна изложба сам ги избра за да може на ликовната публика да му го престави поцелосно или поконтинуирано движењето на своето повеќегодишно творештво. Овие слики изложени пред вас од неговите почетоци до сега претставуваат негов ликовен, а не огледалски автопортрет, - напишал академик Васко Ташковски.
Цигаридов роден е 1951 година во Битола, живее и работи во Скопје. Редовен член на ДЛУМ од 1983 година.
Организирал голем број на самостојни, учествувал на групни и на изложби од светски карактер.