Изложба на слики од Беди Ибрахим
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на слики од академскиот уметник Беди Ибрахим.

Изложбата е дел од проектот "Кич, да!?/ сте или не/", кој се реализира седма година по ред, заради презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност. Оваа изложба беше поставена во август месец, во Македонскиот културен центар во Њујорк, во Кавадарци, Гостивар, Штип и Тетово, а во Куманово ќе биде поставена до 26 февруари.
Беди Ибрахим е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи - Бошков во 1985 година. Во 1999 година завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема под наслов „Култура и природа" кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев.