Изложба на уметничка фотографија “Улица 2015“
21.05.2015 09:06
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во сабота во 12 часот, ќе биде отворена републичката изложба на уметничка фотографија “Улица 2015“.
Оваа изложба на уметничка фотографија е организирана од Фото Кино Клуб „Козјак“ од Куманово. На изложбата ќе бидат прикажани најдобрите дела од учесниците на изложбата, односно ќе има голем број на црно бели и колор фотографии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.
На овој натпревар учество земаа 109 автори со 497 фотографии. Од нив примени беа 179 уметнички дела а поделени се 12 награди. . Публиката ќе има можност на оваа изложба да биде дел и од клубската изложба „Мајски Салон“ на фото кино клуб Козјак, на која ќе бидат истакнати најдобрите делата на неговите членови.




