×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Викторија Симакоска во Куманово

    12.04.2017 07:57 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев “ - Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Филигранска конгломерација„ од авторката Викторија Симакоска од Струга.

    Изложба на Викторија Симакоска во Куманово

     Викторија Симакоска (54) е родена во Охрид. Се пронашла во филигранството, гледајќи го привезокот на нејзината баба. За својата работа Симакоска ќе каже:

    “...Оттука се роди и љубовта кон филиграните, желбата се зголемуваше додека ги истражував и осмислував начините за насликување и обработка на филигранот и негово преобликување во слика изработена со срмен конец. Направив повеќе дела со кои ќе ја организирам првата изложба, прикажувајќи ја уметноста на филигранство во Македонија.

    Имала дваесеттина изложби во Македонија, каде се здобила со награди, благодарници и пофалници, а изложувала и во странство.  

    Покрај филигранот изработувам икони, пејзажи, портрети и сл.

     Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26. април.