×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Измамил братучетка за 5.500 евра, ѝ ветил вработување во државна институција

    29.03.2019 20:45 | KumanovoNews

    Кумановка останала без 5.500 евра, откако поверувала во лажни ветувања на  братучедот дека ќе ја вработи во државна институција.

    Измамил братучетка за 5.500 евра, ѝ ветил вработување во државна институција

    У.С.(43) од Куманово, вчера пријавила во полицијата дека била измамена од нејзин братучед М.Г.. Според нејзиното кажување, во мај – јуни минатата година кај неа дошол М.Г. и и понудил да ја вработи во државна институција. Притоа побарал да му даде 5.500 евра. Таа се согласила, зела пари на заем и му ги дала, но потоа пријавениот почнал да одбегнува контакт со неа. Пред две недели таа отишла во институцијата каде нејзинот братучед и ветувал дека наводно ќе ја вработи и сфатила дека е измамена и оштетена за сума од 338.800 денари.

    СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.