Извршена дератизација во домот на заболената од туларемија
20.03.2015 12:51
| KumanovoNews
Хигиено-епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска изврши дератизација во училиштето и во домот на жената од Опае, заболена од туларемија.

“Преземени се соодветни мерки од страна на нашите служби, направена е анкета и едукација. На семејството му е укажано дека треба да внимава на личната хигиена, а водата за пиење да се преврива“ - велат од Центарот за јавно здравје.
Земени се примероци за анализа, од водата за пиење која семејството ја користи.