Извршителка ja злоупотребила службената положба
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.К.(43) од Штип, извршителка на подрачјето на Основен суд Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Извршителката во повеќе наврати постапувајќи по извршен предмет во две спротивни постапки за продажба на недвижен имот – деловни простории, две ниви и градежно изградено земјиште со вкупна вредност од 6.525.533 денари, иако вредноста на извршувањето изнесувала 2.456.000 денари, пријавената го ставила на продажба целиот имот. На овој начин го игнорирала договорот за закуп на еден дел од недвижниот имот заверен со нотарски акт, кој должникот, како сопственик на целиот недвижен имот, го дал под закуп во период од шест години на правно лице од с.Слупчане. При спроведување на извршувањето пријавената постапила спротивно на одредбите, односно не ги доставила списите од извршниот предмет до должникот, кој бил на привремена работа во странство, до плодоуживателот во постапката и до ополномоштениот адвокат. Во двете спроведени постапки на извршување заклучокот го објавила во дневен печат, а не во Службен весник, со цел должникот да не биде запознаен со постапката.