Камион со дрва се превртел во селото Орах
14.06.2017 13:27
| KumanovoNews
На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во атарот на селото Сув Орах се превртел камион натоварен со дрва.

Како што соопштуваат од полицијата, притоа повредени се две лица.
Според првичните информации на МВР сообраќајната несреќа се случила околу 11 часот.
Екипи на полицијата од Куманово се уште вршат увид и утврдување на причините за сообраќајната несреќа.