Камион удри во пешак
30.08.2019 09:04
| KumanovoNews
Несреќата се случила вчера во 10.15 часот, кога ул.„13. Ноември“, товарно моторно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(53) од Куманово, удрило во пешак Б.А.(31).

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Куманово.