Караванот „Мој ДДВ“ утре во Куманово
31.08.2019 17:17
| KumanovoNews
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утре (недела) во Куманово ќе ја промовираат владината мерка „Мој ДДВ“.

Информативниот штанд на караванот „Мој ДДВ“ ќе биде поставен во 12 часот пред Супермаркетот „Кит-Го“ (поранешен Туш маркет).
На граѓаните ќе им се делат флаери и им се објаснува постапката за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ на износот на фискалните сметки.